Еден поглед и се опив
ти во срцево се стопи
очите затвори ги
и само уживај.

Ноќта е пред нас
ми велиш тивко ти,
во очите ми гори оган
погледни и само остани.

Остани до крај,
чекај го денот нов
што се буди
љуби ме и знај
ти си сѐ што сакам јас.

Усните во страст ти горат,
и се љубат ко да молат,
сите бакнежи да ги чувам јас за нив.