Со маки сум се родил јас со жалости јас ќе си умрам. Маките да ми ги напишете озгора на гробот мој. Ќе се качам на планина ќе слезам в темни пештери. Очите да ми паралдисаат сонцето да не го видам. Ќе слезам долу в ѓул бавча, кај тие росни цвеќиња. Кај тој катмер алов трендафил, кај тој ран бел босилок.