Бор садила мома Евгенија, Бор садила , ем Бога молила [2x] „Дај ми Бозе бор да ми порасне, Да се качам на борови вејки [2x] Да здогледам сред море гемија, Во гемија- окован делија [2x] Раце му се синџир- заврзани, Нозе му се франги- оковани. Раце му се синџир- заврзани, Нозе му се бука- оптегнати. На рамо му се два сива сокола“ Го прашува мома Евгенија [2x] „Со што раниш два сива сокола?“ „Меса сечам , соколи си ранам, Солзи леам , вода ги напивам“