Uci me majko, karaj me

Toše Proeski

Учи ме мајко, карај ме
Како да ја земам Лилјана1
Лилјана мома убава
Лилјана тенка, висока
Лилјана ситен босилок

Лилјана една на мајка
Учам те синко, карам те
Повикај триста мајстори
Направи чешма шарена
Наврти вода студена
Сите селани ќе дојдат
И Лилјанини другарки
Ем, сите калеш невести
Белким Лилјана ќе дојде

Послушал Стојан мајка си
Повика триста мајстори
Направи чешма шарена
Наврати вода студена
Сите селани дојдоа
И Лилјанини другарки
Ем, сите калеш невести
Кучка Лилјана не дојде