Tvoite baknezi na moite beli kosuli

Toše Proeski

Прости ми што те навредив
со ништо веќе не би погрешил
Моите зборови заборави ги
ко да не ни биле кажани

Бакни ме и прегрни ме
ја признав веќе душо вината
Дај не мачи ме ајде прозбори
Во нас верува судбината

(рефрен)
Твоите бакнежи на моите бели кошули
Цела ноќ ми будат спомени
Две недели разделени и осамени
Зар некој може да те замени?

Снегови стојат меѓу нас
со бакнеж можеш да ги растопиш
Срце сонува и ќе направи мост
од твоите нежни прегратки