Sonce vo tvoite rusi kosi

Toše Proeski

Четири букви од името твое
Четири страни на мојот свет
Додека спиеш убаво ми е
Гледам и сфаќам ти си најубав цвет
Твоите очи виножито кријат
По него одам со среќен лик
Зборови барам зборови немам
Никаков тебе не те опева стих

Сонце во твоите руси коси
Ангел што љубов мене ми носи
Ѕвезди се кријат во твоите очи
Злато мое одамна чекам да пристигнеш ти

Господ ме сакал за мене те чувал
Секоја вечер се молам за нас
Додека спиеш убаво ми е
Гледам и сфаќам колку ти припаѓам јас

Сонце во твоите руси коси
Ангел што љубов мене ми носи
Ѕвезди се кријат во твоите очи
Злато мое одамна чекам да пристигнеш ти